Позната причината зошто Ибра го напушти Милан

Златан Ибрахимовиќ идниот месец ќе биде слободен фудбалер затоа што му истекува договорот со Лос Анџелес Галакси, а според последните информации тој ќе се врати во Европа.

Неговиот поранешен соиграч од деновите во Милан, Тијаго Силва, ја соопшти причината зошто популарниот Ибра ги напуштил „росонерите“.

„Ибрахимовиќ ми се јави и ме праша дали е вистина дека заминувам во ПСЖ. Му реков дека тоа е точно и дека потпишав договор. Тој ми кажа дека ако јас се преселам во Париз дека и тој ќе дојде. Неколку денови подоцна заедно трениравме како играчи на ПСЖ“, изјави Бразилецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .