Позната првата жртва во Сити за трансферот на Кејн

Англиските медиуми вечерва искочија со ексклузивна информација дека Хари Кејн е нов напаѓач на Манчестер сити, откако Тотенхем ја прифатил понудата од неверојатни 187.000.000 евра.

Сепак, јасно е дека Сити мора да продава за да го испочитува финансискиот фер – плеј, а прва жртва за трансферот на англискиот напаѓач е Бернардо Силва. Според информациите, најблиску до него е неговиот поранешен клуб Монако.

Освен Португалецот, на излезната врата наводно се и Ријад Марез, Рахим Стерлинг и Габриел Жезус.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .