Позитивни на Ковид – 19 и во Металург

Ракометниот клуб Металург беше еден од ретките суперлигаши кои во своите редови немаа позитивен на корона – вирус, се до сега. Клубот од Автокоманда потврди дека по последните тестирања двајца членови на екипата се позитивни на Ковид – 19.

РК Металург до денеска успеваше да се заштити од Ковид 19 и искрено бев среќна поради тоа. Сведоци сме дека последните денови вирусот нападна преголем дел од населението, како и ракометните клубови. Исклучок не е ни Металург. Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена. Им посакувам брзо оздравување. Сите други се тестирани и се негативни. Најодговорно тврдам дека сите мерки за заштита беа запазени, а играчите, стручниот штаб, како и управата максимално се придржуваа на препораките“, изјави Зорица Блажевска, претседателката на Металург.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .