Англискиот премиерлигаш Челси забележа поволен резултат на гостувањето кај Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите (1-1).
Овој резултат значи дека избраниците на Зинедин Зидан ќе мораат да нападнат на гостувањето на „Стемфорд бриџ“, следната недела.
Челси поведе во 13. минута со голот на Кристијан Пулишиќ, кој ја измеша одбраната на Реал, но Реал израмни со мајсторијата на Бензема, петнасетина минути подоцна.