Погледнете ја првата изјава на Мурињо како нов тренер на Рома

Веста на денот, денеска пристигна од Рим каде што Рома преку соопштение објави дека Жозе Мурињо е нов тренер на клубот.

Португалецот ќе го превземе клубот по завршувањето на сезоната и потпиша договор до 2024 година, а сега ја имаше и првата изјава како тренер на Рома.

„Сакам да му се заблагодарам на семејството Фриедкин што ме избраа мене да го водам овој голем клуб и да бидам дел од визијата. После неколку состаноци со генералниот директор Тијаго Пинто, веднаш разбрав за големите амбиции на Рома. Ја делиме истата амбиција која секогаш ме мотивирала и заедно сакаме да изградиме победнички проект во следните години. Исто така, неверојатната пасија на навивачите на Рома ме убедија да ја прифатам оваа работа и одвај чекам да почна со работа. Во меѓувреме, на Пауло Фонсека му посакувам се најдобро“, изјави Мурињо.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.