Погба одбива да игра за Јунајтед?

Пол Погба последниот меч за Јунајтед го одигра на крајот на септември кога тимот од „Олд трафорд“ играше против Арсенал. Потоа Французинот се повреди и нема играно од тогаш, а според последните информации на шпанските медиуми тој веќе нема ни да заигра за „ѓаволите“.

Имено, Погба веќе во јануари сака да си замине од Манчестер и да се пресели во редовите на Реал Мадрид. Тој одбива да се врати во првиот тим на Јунајтед иако се опорави од повредата. Соскјаер минатата недела тврдеше дека Погба ќе се врати до крајот на годината, а како ќе заврши оваа сапуница останува да видиме.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .