Повторно „фрки“ во Барса: Играчите ОДБИЈА намалување на платата!

Веќе не е тајна дека Барселона има огромни финансиски проблеми и затоа раководството од своите играчи побара да се одрекнат од голем дел од платата, а тие веднаш ја одбиле понудата!

Ова на челните лица на каталонскиот гигант им го соопштиле Џерард Пике, Серхио Бускетс, Џорди Алба и Серги Роберто.

Според инфорамциите на шпанските медиуми, раководството предложило фудбалерите да се откажат од дури 40 проценти од платата за новата сезона. Клубот им понудил 60 отсто од платата, а другите 40 да ги добијат во следните години. Останува да видиме дали ќе продолжат преговорите помеѓу двете страни.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.