Повторно затаи нападот на Реал, сега против Бетис!

Втор пат во последните три натпревари во шпанската Ла Лига, мадридски Реал не успева да постигне погодок и тоа тогаш кога е најважно – кога се бори за титулата.

Пред недела дена „кралевите“ одиграа без голови против Гетафе, па го победија Кадиз, за вечерва повторно да одиграат реми без голови, на домашен терен против Бетис (0-0).

Избраниците на Зинедин Зидан се втори со 71 бод, три повеќе од Барселона која има два меча помалку, а се заканува и андалузиска Севиља која ако утре победи против Гранада ќе има 70 бодови. Лидер е Атлетико Мадрид со 73 бодови и натпревар помалку (утре на гости во Баскија кај Атлетик).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .