Собранието на Фудбалската федерација на Хрватска го смени Давор Шукер од местото претседател, а за негов заменик избран е Марјан Кустиќ.
Кустиќ веќе неколку години ја извршуваше функцијата прв оперативец на ХНС и го менува Шукер, кој на функцијата претседател беше девет години. Хрватските навивачи години наназад водеа вистинска војна против легендарниот фудбалер и сега конечно можат да бидат задоволни.
Инаку, Кустиќ беше единствениот кандидат на изборите и едногласно беше избран за нов претседател на ХНС.