Победа за крај: Еурофарм Работник ја победи Бидасоа

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите Еурофарм Работник со победа над лидерот во групата Бидасоа Ирун, ја заврши авантурата во најквалитетното ракометно натпреварување (25-23). Битолачни дебитанскиот настап во ЛШ го завршија со три победи и седум порази.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Остроушко со осум голови, а Марковски и Ѓукиќ постигнаа по четири. Еурофарм Работник со шест бодови сезоната ја заврши на дното на табелата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .