Пирова победа за МЗТ: Младост ги елиминираше од плејофот во АБА 2 лигата!

За кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром заврши настапот во АБА 2 лигата. „Металците“ денеска го победија Младост Земун (92-86), меѓутоа преголемо беше заостанувањето од првиот натпревар пред два дена кога загубија со 20 поени разлика.

Сезоната во регионалното натпреварување може да се оцени како неуспешна, а МЗТ две години по ред не успева да се пласира во првата АБА лига. Прв стрелец кај клубот од Аеродром беше Хасани Гравет со 21 поен, додека кај Младост предводник беше Гомбаулд со 14 поени.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.