Доцна синоќа добивме потврда дека Зинедин Зидан одлучил да го напушти кормилото на Реал Мадрид и да побара нов предизвика, а денеска стигнуваат нови информации, околу наследникот на Французинот на клупата на „кралевите“.
Наводно, нов тренер на мадридскиот клуб ќе стане Масимилијано Алегри, кој според шпанските и италијански медиуми ќе биде промовиран во следните денови. Алегри бил првиот избор на Флорентино Перез, пред имиња како Антонио Конте и Раул Гонзалез.