Манчестер сити синоќа изгуби во финалето на Лигата на шампионите од англискиот ривал Челси. Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола беше жестоко критикуван поради тактиката, а сега Шпанецот прв пат ја искоментира поставеноста на играчите.
„Направив одлука која мислев дека е најдобра. Де Брујне се повреди, но се случуваат вакви работи во овие натпреварувања. Направив тим кој има најголеми шанси да победи во натпреварот, играчите го знаат тоа“, разочаран беше Пеп.