Пеп тргна по нов напаѓач, четири имиња во игра

Новиот англиски шампион Манчестер сити, во текот на летниот преоден рок дефинитивно ќе го засили нападот, откако беше потврдено дека Серхио Агуеро по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Етихад“.

Медиумите на Островот веќе почнаа да шпекулираат, а наводно менаџерот на „граѓаните“ е заинтересиран за четворица врвни напаѓачи.

Прв на листата е Ерлинг Халанд од  Борусија Дортмунд, втор избор е Лаутаро Мартинез од Интер. Ако не успеа да ангажираат некој од овие двајца, Сити ќе се сврти кон напаѓачот на Ајнтрахт од Франкфурт, Андреа Силва, додека последна, но и најтешка опција е Хари Кејн од Тотенхем.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .