Емотивно беше во неделата за сите навивачи на Манчестер сити, затоа што последниот натпревар во дресот на „граѓаните“ го одигра најголемата легенда на клубот Серхио Агуеро, а солзите не можеше да ги задржи ниту менаџерот на клубот, Пеп Гвардиола.
„Ние многу го сакаме. Тој е посебна личност за сите нас. Толку е фин и добар, многу ми помогна овде. Агуеро е блиску до договор со Барселона, со мојот сакан клуб. Ќе игра со Лео Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња. Ќе ужива таму и мислам дека ќе ја направи Барселона уште подобра“, изјави Пеп.