Пеп: Се надевам дека Мбапе ќе игра

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е неизвесен за реваншот од Лигата на шампионите, каде што утре „светците“ му гостуваат на Манчестер сити.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гваридола уште еднаш докажа за каков спортсмен се работи со изјавата дека се надева дека Мбапе ќе настапи на утрешниот меч на „Етихад“.

„Одвај чекам повторно да играм против Мбапе. Ќе игра. Одвај чекам да го видам на теренот. Се надевам дека ќе игра, затоа што тоа е добро за фудбалот, а посебно за овој натпревар“, кажа Пеп.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .