Фудбалерите на Манчестер сити се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во двомечот беа подобри од Борусија Дортмунд.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола по натпреварот беше многу среќен и кажа дека сака да почне да гради историја со клубот од Манчестер, но и дека не разлислува на освојување на сите четири трофеи сезонава.
„Премногу сум среќен поради клубот, претседателот, навивачите, сите. Ова е втор пат да играме полуфинале, во овој дел не влеговме во историјата, но почнуваме да ја пишуваме. Да бидеме една од четирите најдобри екипи во Европа и да играме против нив е нешто неверојатно. Се наоѓаме во полуфиналето од ФА Купот, полуфиналето на ЛШ и во финалето од Карабао купот. Потребни ни се и уште три победи во Премиер лигата. Неверојатно што постигнавме. Не размислуваме за освојувањето на сите четири трофеи, идеме од натпревар во натпревар“, изјави Пеп.