Пеп: Не е лесно против Мбапе, Нејмар, Ди Марија…

Манчестер сити оставари голем резултат на гостувањето во Париз кај ПСЖ во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, а поле натпреварот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека е задоволен од играта на својот тим.

„Почнавме многу добро, но почувствувавме притисок кога примивме погодок. Последните десет минути од првото полувреме бевме добри, но второто беше одлизно за нас од секој аспект. Дадовме два гола на гости, но за шест дена не чека тешка задача. Некогаш екипата треба да се опушти и да игра така како што знае. Не е лесно да се играпротив Мбапе, Нејмар, Ди Марија. Задоволен сум, но само сме на пола пат“, кажа Пеп.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .