Пеп: Луѓето немаат појма колку е тешко да се стигне до финалето на ЛШ

Манчестер сити синоќа испиша историја откако за прв пат се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола после 10 години повторно ќе биде дел од елитното финале, а за медиумите изјави дека е многу тешко да се стигне до пласман во финалето.

„Ова финале е за сите на и за клубот. Луѓето мислат дека лесно се стигнува до овде. Многу сум горд и првите мисли во овој момент ги имам кон играчите кои денеска не беа во тимот. Сите заслужија да играат, сите го дадоа својот придонес и сега е време за уживање. Мораме прво да ја освоиме Премиер лигата и потоа ќе имаме две или три недели да се подготвиме за финалето на Лигата на шампионите“, кажа Гвардиола.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.