Пеп зборуваше за Меси пред мечот со ПСЖ

Утре започнува второто коло од елитната Лигата на шампиони, а дерби на колото дефинитивно е мечот ПСЖ – Манчестер сити, каде што ќе се судрат добрите пријатели Пеп Гвардиола и Лионел Меси.

Тренерот на „граѓаните“ на задожителната прес-конференција зборуваше за Меси и за неговото заминување од Барселона.

„Тоа беше изненадување за сите нас. Сите тоа сега го прифаќаат. Некогаш тоа не можевте да го замислите, но се случи. Живот, никогаш не знаете што ќе се случи. Тоа што е важно е дека тој ќе биде среќен во Париз“, кажа Пеп.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.