Пеп за тројца играчи ќе искешира 300.000.000 евра!

Манчестер сити игра сезона од соништата. „Граѓаните“ ја освоија англиската Премиер лигата, го освоија Карабао купот, а во сабота ќе играат во финалето на Лигата на шампионите каде што ќе се судрат со Челси.

Клубот од „Етихад“ не планира тука да застане. Според најавите на медиумите од Островот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола веќе го подготвил трансфер списокот за летниот преоден рок и наводно за тројца играчи ќе потроши неверојатни 300.000.000 евра!

Прв на листата е капитенот на Астон вила Џек Грилиш за кого ќе одвојат 100.000.000 евра, па следи напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој планираат да го ангажираат за 150.000.000 евра, а ќе биде освежена и одбраната со името на Нуно Мендеш, бекот на Спортинг од Лисабон.

Сити не се шегува, планира доминација и во следната година, а кои играчи ќе пристигнат во Манчестер останува да видиме.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .