ПЕКОЛНИ два месеци за Кун во Барса: Меси му замина, а сега му се случи ГОЛЕМ пех!

Не е тешко да си навивач на Барселона во последните денови, туку и да си фудбалер на овој клуб. Јасно им е на сите, Серхио Агуеро потпиша за каталонскиот гигант поради неговиот добар пријател Лионел Меси, кој пак си замина од клубот затоа што регулативите на шпанската Ла Лига не дозволуваа да го продолжи договорот со клубот од „Камп ноу“.

Тешко дека Кун би ставил потпис на договорот, доколку знаеше дека Меси нема да игра таму во следната сезона, а сега му се случи огромен пех, откако денешните лекарски прегледи открија дека доживеал повреда на внатрешниот дел од мускулот и ќе мора да отсуствува најмалку два месеци.

Дефинитивно, авантурата на Агуеро во Барса не почна на добар начин.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .