Па ова не е НОРМАЛНО: Лацио губеше во Торино со 3-2 во 95. минута, но на крајот победи! (ВИДЕО)

Неверојатен меч се одигра денеска во Торино каде домаќинот шокантно загуби против римски Лацио со 3-4, иако имаше водство од 3-2 се до 95. минута!

Дека ќе паднат многу голови се виде уште во воведните 30 минути каде веќе имаше три гола. Лацио поведе преку Андреас Переира, но Торино со два брзи гола на Бремер и Белоти го сврти резултатот (2-1) и така двата состави заминаа на полувремето.

Вистинската драма се случуваше во второто полувреме, посебно во продолженијата. Веднаш на стартот на вториот дел Сергеј Милинковиќ Савиќ израмни на 2-2, но „биковите“ повторно поведоа преку Саша Лукиќ во 87. минута.

Меѓутоа, при една акција на „небесносините“ дефанзивецот на домаќините Нкулу, според судијата Даниеле Кифи играл со рака, а Чиро Имобиле не пропушта таква шанса и израмни на 3-3. И кога сите си помислија крај, шок во Торино. Каиседо низ нозете на Сиригу за голема радост на Симоне Инзаги.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .