Партизан остана со „кратки ракави“: Килпатрик потпиша со Будуќност!

Поранешниот кошаркар на Панатинаикос и на повеќе НБА тимови, Шон Килпатрик е новото засилување на Будуќност. Американецот игра на позицијата бек, а со Црногорците потпиша до крајот на сезоната.

Иако се очекуваше да потпише за српскиот великан Партизан и тоа за месечна плата од 60.000 евра месечно, сепак тој се предомисли и сезонава ќе игра против „црно-белите“. Партизан се уште е во потрага по играч на бековската позиција, а Џејмс Бел кој требаше да биде новото засилување не успеа да ги помине лекарските прегледи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .