Партизан го доби спорот со банката, па профитираше со 2.300.000 евра!

Кошаркарскиот клуб Партизан со соопштение до јавноста се пофали дека ја доби тригодишната борба со Експо банката (бивша Марфин банка). „Црно – белите“ севкупно ќе инкасираат 2.300.000 евра, а претседателот Остоја Мијаиловиќ не го криеше своето задоволство поради ваквиот исход на судската постапка.

„Верувавме во овој процес и веруваме дека сите чекори вклучувајќи ги и жалбите ќе бидат завршени најмногу за пола година. Како клуб ние бенефитот ќе го почуствуваме дури кога пресудата ќе биде правосилна, односно кога банката ќе ја исплати сумата која судот ја одреди“, истакна Мијаиловиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .