Пандев со емотивна објава се прости од Игор Ангеловски: Ти гордо ја чуваше нашата фамилија!

Најголемиот во македонскиот фудбал, легендарниот Горан Пандев со емотивна објава на Инстаграм му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за одличната соработка која ја имаа во изминатите години.

Пандев го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, а Ангеловски најави дека му завршува договорот со ФФМ и дека повеќе нема да биде селектор на Македонија.

„20.10.2015. Прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.