Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев за грчките медиуми откри дека бил многу блиску до потпис со тамошните великани, Олимпијакос и ПАОК, меѓутоа заедно со своето семејство одлучил да остане во Италија.
„Пред да се случи да заминам во Италија, бев многу блиску до трансфер во Олимпијакос. Речиси се беше договорено, но претседателот на мојот тогашен клуб го упропасти трансферот. Можност за преселба во Грција имаше и пред неколку години, кога челниците на ПАОК беа загреани да ме доведат, но моето семејство се чувствуваше добро во Италија и решивме да останеме“, кажа Пандев за грчките медиуми.