„Пандев ми е како татко, го чекаме со раширени раце“

Италијанскиот гигант Џенова ги започна подготовките за новата сезона во Серија А, а истите се одржуваат во Австрија. Во моментов таму не се наоѓа легендарниот Горан Пандев, кој се уште размислува дали да продолжи да игра фудбал.

На Пандев му истече договорот со Џенова, која веќе му понуди нов, а Франческо Касета, 23 – годишниот фудбалер за врска се надева дека Гранде Пандев ќе го прифати договорот и ќе одигра уште една сезона во дресот на Џенова.

„Тренираме со полна пареа и го чекаме Пандев. Од она што го разбрав тој е на одмор, но ќе продолжи да игра и ќе ни се приклучи. Сака да игра уште една година пред навивачи на трибините, што е одлично за сите нас. За мене лично, тој ми е како татко во екипата. Фантастичен е во советувањето и помошта на помладите играчи. Сите сме едногласни во ставот дека тој ја прави Џенова подобар тим и го чекаме со раширени раце“, изјави Касета.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.