Пандев: Косово не исцрпи, но одиме на победа против Грузија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев пред утрешниот натпревар против Грузија призна дека Косово ги исцрпил, но и покрај тоа ќе одат на победа во мечот против Грузија.

„Сите што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас. Косово и физички и психички не потроши, но подготвени сме утре да дадеме се од себе и да го добиеме натпреварот. Сите конкурираме за првите единаесет. Знаевме дека не очекува пеколен ритам. Свесни сме сите дека секој од нас ќе добие шанса. Во секој натпревар влегуваме со 100%, но фудбалот е игра во која има и противник и не е секогаш лесно да го добиеш. Се надевам дека ќе победиме утре и ќе го освоиме првото место“, изјави Пандев.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .