Пандев импресиониран од Украина

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација пред денешниот натпреваро против Украина во вториот меч на ЕВРО 2020, истакна дека Украинците индивидуално се многу силни, а ја пофали и работата на селекторот, легендарниот Андриј Шевченко.

„Украина ме импресионираше против Холандија, индивидуално е многу силна. Шевченко прави одлична работа, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се бориме за добар резултат. Мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме“, кажа Пандев.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .