Пандев: Жал ми е за навивачите, ќе им се одолжиме на следните дуели

Големиот Горан Пандев вечерва со постигнатиот гол против Австрија стана вториот највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства, а по натпреварот кажа дека не смеат да се разочаруваат поради поразот.

„Имавме можност за позитивен резултат, но не издржавме во последните минути од натпреварот. Како за првпат, за прв натпревар на ЕП, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 70 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, но одлично се државме се до оној несреќен втор гол. Примивме еден несреќен втор гол, па натпреварот беше решен. Но, не смее да има разочарување. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Искрено, многу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука и за онаа прекрасна поддршка од трибините, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри“, изјави Пандев.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .