Пандев: Ако завршиме трети ќе биде одлично

Македонската фудбалска репрезентација има можност за првпат во еден квалификациски циклус да заврши на третото место.

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев се враќа во стројот по пропуштениот натпревар против Австрија поради болест.

„Ова е нашиот последен натпревар во овие квалификации и сакаме со победа да ги завршиме квалификациите. Сакаме за првпат да завршиме на третото место. Не успеавме да стигнеме до второто место кое води на ЕП. Третото место би бил добар резултат. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот“, изјави нашиот капитен.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .