Судија доби удар од пак во глава и остана без седум заба (ВИДЕО)

Голема незгода му се случи на финскиот хокеј – судија Јук – Пек Коистинен кој доби удар со пак во глава.

Ова се случило на мечот ХПК и Јукурит, а финските медиуми се уште не се сигурни дали судијата добил пак директно во глава или пакот се одбил и завршил во неговото лице.

Судијата останал без седум заби, четири му се комплентно скршени, додека три се оштетени. ХПК на крајот го доби натпреварот со резултат 3-1, а несреќниот судија не го продолжи истиот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .