Очекувано: Јунајтед не сака да го врати Санчез

Алексис Санчез пред неколку години како големо засилување дојде во редовите на Манчестер јунајтед. Сепак, Чилеанецот беше очаен на „Олд трафорд“ па затоа челниците на „ѓаволите“ одлучија да го позајмат на италијанскиот гигант Интер.

Клубот од Манчестер се надева дека „нероаѕурите“ ќе го откупат договорот на Санчез на крајот од сезоната затоа што не сметаат на Чилеанецот во иднина. Јунајтед, парите што ќе ги заработи од продажбата на Чилеанецот, планира да ги вложи за новото чудо од дете Ерлинг Халанд.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .