Очајниот Јувентус разнесен од Милан! (ВИДЕО)

Јувентус ја игра најслабата сезона во последната декада која можеби да заврши и без учество во Лигата на шампионите во следната сезоната, што би било рамно на катастрофа.

„Старата дама“ вечерва направи уште еден чекор кон тој епилог откако на домашен терен во Торино беше декласиран од големиот ривал Милан и еден од главните конкуренти за местата кои водат во елитното натпреварување (0-3).

Избраниците на Андреа Пирло беа ужасни вечерва и заслужено доживеаа вакво понижување. Сепак, мора да се признае дека Милан имаше среќа при првите два погодоци кои беа евроголови и кои, да бидеме реални, ретко се постигнуваат.

Прво Дијаз постигна фантастичен погодок пред крајот на првиот дел, а ништо помалку атрактивен беше и голот на Ребиќ, додека точка на натпреварот стави Томори.

Јувентус сега има 69 бодови и е петти, Наполи е четврти со бод повеќе, а Милан и Аталанта имаат 72 собрани поени.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.