Официјално: Јунајтед има нов тренер!

Тоа што се знаеше уште пред неколку денови, денеска ја доби својата потврда. Манчестер јунајтед за нов тренер го назначи германскиот стручњак Ралф Рангник, кој доаѓа на местото на легендата на клубот Оле Гунар Солскјер кој заработи отказ поради слабите резултати.

„Среќен сум и возбуден што доаѓам во Манчестер јунајтед и фокусиран сум да остварам што подобар резултат. Екипата е екстремно талентирана и ќе дадам се од себе да го извлечам од нив најдоброти“, гласеше првата изјава на Рангник како менаџер на „ѓаволите“.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.