Финалето на Лигата на шампионите наместо во Истанбул ќе се одигра во Порто, поради потешкотиите околу патувањето на од Англија во Турција, која се наоѓа на црната листа на британската влада кога станува збор за патувањата.
Затоа УЕФА се договори со португалските власти и Фудбалската федерација на оваа земја финалето да се одигра во Порто на стадиоот „Драгао“ на 29. мај, а ќе биде дозволено и присуство на 12.000 гледачи.