Официјално: Спалети нов тренер на Наполи!

Тоа што се најавуваше денеска доби официјална потврда. Поранешниот италијански селектор, екс – тренер на Рома, Зенит и други клубови, искусниот Лучијано Спалети од денеска е нов тренер на Наполи каде што ќе соработува со нашиот Елиф Елмас.

„Чест ми е да соопштам дека Лучијано Спалети ќе стане нов тренер на Наполи од први јули. Добредојде Лучијано, заедно ќе направиме многу“, му посака топло добредојде првиот човек на клубот од Неапол, Аурелио Де Лаурентис.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .