Официјално: Серхио Рамос – нов фудбалер на ПСЖ!

Францускиот великан ПСЖ официјално го потврди ангажманот на еден од најдобрите дефанзивци на денешницата, но и во историјата – Серхио Рамос!

Искусниот шпански дефанзивец не го продолжи договорот со мадридски Реал и после 16 години во клубот ги напушти „кралевите“.

„Среќен сум поради потписот со ПСЖ. Ова е голема шанса за мене. Овој ден никогаш нема да го заборавам. Горд сум што сум дел од овој амбициозен проект и што сум дел од екипа која во своите редови има одлични играчи. Сакам да му помогнам на тимот да освојува трофеи“, истакна Рамос.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .