Официјално: Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Ролан Гарос доби дозвола за отворање на трибините за присуство на публика. Вториот Гренд слем во сезоната ќе се одржи од 30. мај до 13. јуни во Париз.

До осми јуни на трибините ќе може да има најмногу 5.338 гледачи, додека од деветти јуни бројот ќе се зголеми на максимални 13.145 гледачи на главниот стадион.

Тие што ќе сакаат да присуствуваат на мечевите ќе мораат да имаат потврда дека се вакцинирани или да имаат негативен ПЦР тест во последните 48 часа.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.