Официјално: Рик Питино се врати на клупата на ПАО

Легендарниот Рик Питино се врати на клупата на Панатинаикос. Тој минатата сезона ги водеше „атинските зелени“ до шампионската титула, но ја напушти екипата пред почетокот на новата сезона.

Американецот по разговорите со сопственикот на ПАО, Димитрис Јанакопулос одлучи повторно да седне на клупата на грчкиот великан.

Интересно, Питино во меѓувреме беше избран и за селектор на грчката репрезентација, па останува да видиме како ќе се снајде вршејќи ги двете функции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .