Официјално: Пелистер и Еурофарм постигнаа договор за фузирање!

Разни шпекулации кружеа околу Битола во последните неколку месеци за фузирањето на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник, за конечно да дојде до договор помеѓу двете страни, па така „градот на конзулите“ го доби Еурофарм Пелистер.

Битола и понатаму останува со два ракометни клуба. Првиот кој ќе се натпреварува во СЕГА лигата и европските натпреварувања ќе госи името Еурофарм Пелистер, додека вториот кој игра во Суперлигата ќе се вика Еурофарм Пелистер 2.

Според договорот, буџетот ќе изнесува најмалку 60 милиони денари, или во превод еден милион евра. Општина Битола се обврза да издвојува 15 милиони денари во натредните пет сезони, а Еурофарм Работник преку своите спонзори ќе го обезбедува останатиот дел од буџетот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .