Официјално: ПАО го отпушти Педулакис

Грчкиот гигант Панатинаикос го отпушти досегашниот тренер Аргирис Педулакис. Капката што ја прели чашата беше поразот во осмото коло од Евролигата од германска Алба.За „детелинките“  ова беше четвртиот пораз во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Минатиот викенд ПАО беше шокиран и во грчкиот куп. Тие загубија од Промитеас и беа елиминирани во четвртфиналето. Педулакис летово дојде на местото на американсиот тренер Рик Питино, кој неодамна беше промовиран за нов селектор на Грција.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .