Официјално: Нејмар го продолжи договорот со ПСЖ!

Францускиот првак ПСЖ, денеска на официјалната страна потврди дека бразилскиот напаѓач Нејмар го продолжи договорот со клубот од Париз до 2025. година.

Нејмар со потписот на новиот договор ќе го носи дресот на „светците“ и во следните четири години, а француските медиуми тврдат дека ќе заработува околу 30.000.000 евра годишно.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .