Официјално: „Компјутерот“ пристигна во Брајтон!

Кој го следи европскиот фудбал знае – Салзбург знае колку вреди добриот скаутинг! Австрискиот првак ова лето веќе заработи повеќе од 50.000.000 евра на двајца фудбалери кои ги донесе од африканската Замбија и тоа за „кикирики“, а сега направија милиони од нив двајца!

Прво напаѓачот Патсон Дака потпиша за Лестер за 30.000.000 евра, а денеска беше потврден и трансферот на Енок Мвепу, кој оди во Брајтон за сума од 20.000.000 евра. Младиот 23 – годишен фудбалер од средниот ред со премиерлигашот потпиша четиригодишен договор.

„Воодушевени сме што можеме да му посакаме добредојден на Енок. Тој е многу искусен за своите години, играше и во Лигата на шампионите, а може да игра на повеќе позиции во средниот ред“, не го криеше задоволството тренер на Брајтон, Грем Потер.

Инаку, Мвепу во Салзбург пристигна во 2017 година и многу брзо во Австрија го заработи надимакот „Компјутер“ поради способноста да ја чита играта.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .