Легендарниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан на уште една година, па така во Милано ќе остане до летото 2022. година, потврдија „росонерите“.
Искусниот 39 – годишен Ибрахимовиќ сезонава игра во одлична форма и е вистински лидер на Милан, а вкупно за овој клуб има одиграно 130 натпревари и постигнато 84. погодоци.
The Saga Continues @acmilan pic.twitter.com/b8KwY5czG4
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) April 22, 2021