Официјално: Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид!

Тоа што го пренесоа сите угледни европски медиуми денеска ја доби својата официјална потврда. Големата легенда на мадридски Реал, Зинедин Зидан повеќе не е тренер на „кралевите“, соопштија од клубот.

„Реал Мадрид објавува дека Зинедин Зидан одлучи да го напушти местото тренер на нашиот клуб. Ја почитуваме неговата одлука и благодарни сме му на професионализмот и посветеноста во изминативе години. Зидан е легенда на Реал Мадрид и тоа ќе остане и понатмау. Знае дека е во нашето срце и Реал Мадрид засекогаш ќе биде неговиот дом“, соопштија од Мадрид.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .