Официјално: Ерик Гарсија – нов фудбалер на Барселона!

После официјализирањето на Серхио Агуеро, шпанскиот гигант Барселона претстави уште едно засилување. Повторно станува збор за уште еден фудбалер кој доаѓа од редовите на „граѓаните“ – Ерик Гарсија!

За талентираниот 20 – годишен дефанзивец ова е враќање на „Камп ноу“, каде што и ја започна кариерата. Гарсија доаѓа како слободен фудбалер, потпиша петгодишен договор, а неговата откупна клаузула изнесува неверојатни 400.000.000 евра.

„Никаде како дома“, порачаа од Барселона.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .