Официјално: Арсенал го ангажираше третото најскапо засилување во историјата!

Англискиот премиерлигаш Арсенал го ангажираше своето трето засилување во историјата, откако му искешира 50.000.000 фунти на Брајтон за дефанзивецот Бен Вајт.

За „топчиите“ ова е трето засилување сезонава после ангажманот на Алберто Локонга од Андерлехт и Нуно Тавареш од Бенфика, а задоволство од трансферот искажа и менаџерот на клубот, Микел Артета.

„Бен беше нашата главна мета ова лето и среќни сме што го ангажиравме. Тој е интелегентен дефанзивец кој знае да игра со топката,а нас баш таков стил на игра ни одговара“, задоволен беше Шпанецот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.