Официјално: Арсенал го ангажираше првото засилување!

Младиот 21 – годишен дефанзивец Нуно Тавареш е нов фудбалер на Арсенал. „Топчиите“ го ангажираа Тавареш од португалскиот гигант Бенфика, а со него потпишаа повеќегодишен договор.

„На Нуно му посакуваме добредојде. Станува збор за млад играч со големи предиспозиции кој во последните години одлично се разви во Бенфика, а своите квалитети ги покажа и во дресот на Португалија. Ангажманот на Нуно ќе му даде на тимот додатна сила и можност во одбраната, посебно по левата страна. Се радувме поради доаѓањето на Нуно, неговата интеграција во семејството на Арсенал и играњето пред нашите навивачи“, изјави менаџерот на клубот од Лондон, Микел Артета.                                                                                                                     

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .